Макрон: Никогаш не би ја ставил Европа пред барањата на Французите
“Ниту една земја не може да напредува ако не го сослуша легитимниот гнев на својот народ, гнев кој се изразува секаде во Европа”, рече Макрон пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел.
Францускиот претседател нагласи дека „верува во европскиот проект, но оти никогаш нема да го спроведува против стремежите кои ги смета за легитимни“. Намалувањето на даноците и другите мерки што ги предложи за да го смири гневот на „жолтите елеци” веројатно ќе го зголемат францускиот буџетски дефицит до ниво кое го надминува прагот на Европската комисија од три отсто од БДП, оценуваат локалните медиуми.