Мета не го потпиша законот за буџет за 2019 година
“Претседателот на Републиката, Илир Мета, следејќи ја внимателно најновата политичка ситуација во земјата, поздравувајќи го широкиот јавен консензус за барањата на студентите, кои од страна на сите политички субјекти ги сметаат за фер, легитимни и изводливи и со цел да се постигне најдобар интерес за исполнување на социјалните цели утврдени во член 59 од Уставот, како и да се гарантира стабилноста во земјата одлучи Законот за буџетот за 2019 година да го врати на повторно разгледување во Собранието”, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.
Во соопштението се додава и дека претседателот Мета целосно верува дека Законодавниот дом ќе покаже сеопфатната соработка за да ги задоволи барањата на студентитеи јавниот интерес.