Папата Франциск во мај доаѓа во посета на Македонија
Владата денеска информира дека Папата Франциск на 7 мај ќе дојде во посета на Македонија. Тој ја прифатил македонската покана и „ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети градот Скопје – родниот град на света Мајка Тереза“, се наведува во владиното соопштение.
Претходно, Папата Франциск ќе оствари Апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај, каде ќе ги посети градовите Софија и Раковски.