Унгарија гради нов систем на судови
Унгарскиот парламент одобри создавање нов систем на судови кои ќе се занимаваат со прашања од јавната управа со што му се дава на премиерот Виктор Орбан контрола врз она што ќе стане многу важен дел од судството. Според усвоениот закон, министерот за правда ќе го има последниот збор околу именувањето, напредувањето и платите на судиите во новиот систем во кој судовите ќе решаваат за широк спектар на случаи. Тука се случаите во кои е вклучена полицијата, даночната управа, јавните набавки, локалните власти, изборите и медиумите. Критичарите наведуваат дека со тоа се доведува под прашалник независноста на судството во Унгарија.