Вечерва отворање на новогодишна населба на плоштадот во Скопје
Град Скопје за вечерва најави отворање на новогодишната населба Винтерленд на плоштадот Македонија.
„Во новогодишната населба со украсени куќички има катчиња за игра и смеа, како и мала сцена на која ќе се организираат настани што ќе го привлечат интересот на посетителите, без разлика на возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. За вљубениците во зимските спортови, пак, во населбата ќе биде поставено и лизгалиште на мраз“, соопшти Град Скопје.
Во централниот дел на новогодишната населба Винтерленд е поставена елк. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.
Осветлувањето на елката вечерва го придружува настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје