Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски
„Груевски, откако доби азил во Унгарија, не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон“, кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“.
Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна. Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.