Хан – Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа
„Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа“, напиша Хан.
Тој вели дека ако навистина Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, „очекува гласно објаснување за нејзините основи од унгарскиот премиер Виктор Орбан“.