Поранешен банкар ја симнал електронската алка и избегал од домашен притвор во Грција
Тој е обвинет во два големи скандали во Грција, перење пари од митото земено за договорите за вооружување и во скандалот Сименс и се чека судската пресуда. Според медиумите во Грција, преку Освалд одело перењето пари, односно преку него митото било префрлано на сметки на оф-шор компании, а потоа и на швајцарските сметки на грчки политичари.
Грчката полиција од вчера трага по него, биле известени граничните премини и аеродромите, во случај тој да сака да побегне во странство, јави дописничката на МИА од Атина.
Освалд последен пат бил виден вчера во 12 часот и 50 минути кога со полициска придружба бил вратен дома, откако бил на суд. Во 13 часот и 56 минути успеал да го уништи системот за електронско следење и да побегне од една атинска населба.
Освлад беше уапсен во 2015 година, а во 2016 година мерката притвор била заменета со куќен притвор со електронски надзор.