Нови искричења меѓу САД и Кина
Нови искричења меѓу САД и Кина на денешниот Самит на АПЕК во Порт Морсби во Папуа Нова Гвинеја. Американскиот потпретседател Мајк Пенс, во неговиот говор, рече дека САД „нема да го променат својот курс додека Кина не го промени нејзиниот начин“ на работа.
САД воведоа увозни тарифи на кинески производи во вредност од 250 милијарди долари, а Кина возврати.
Пенс го обвини Пекинг за кражба на интелектуална сопственост, големи субвенционирања на државните бизниси и огромни бариери за странски компании кои влегуваат на кинескиот пазар. Пенс ја критикуваше глобалната кинеска иницијатива „Појас и пат“, велејќи дека многу од проектите се со низок квалитет и ги заглавуваат државите со кредити за развој што не можат да си ги дозволат. САД, кои се демократија, се подобар партнер од авторитарната Кина, рече тој.
Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој зборуваше пред Пенс, рече дека државите се соочуваат со избор меѓу соработка или конфронтација. Тој повика на почитување на правилата и избегнување на двојните стандарди и себичните агенди.