Судот се брани – МВР може да преземе мерки за обезбедување и по службена должност
Судот не се согласува со обвинувањата на Спасовски дека тие не можеле да преземат мерки за обезбедување на Груевски без наредба на судот.
„МВР и по наредба на обвинителството или по службена должност, доколку утврди дека истото е неопходно, може да преземе мерки за обезбедување на одредено лице“, се наведува во денешното соопштение од судот. Тие посочуваат дека ќе распишат меѓународна потерница за Груевски тогаш кога надлежните органи ќе утврдат дека тој не е во земјава. На верификуваниот Фејсбук профил на Груевски денеска беше објавено дека тој е во Будимпешта, каде што побарал политички азил, но нема официјална потврда за тоа.