Пописот во 2020 година без прашања за етничка и за верска припадност
Според Симовски, пописот ќе чини 8,5 милиони евра.
На предлог од Државниот завод за статистика, во нацрт-верзијата на законот за попис се бара да нема прашање за етничка и за верска припадност за пописот да се заштити од политизација, туку да има прашање за јазикот, односно за јазикот што вообичаено се зборува во домаќинството и за мајчиниот јазик.
„Податокот за етничка припадност нема никаква употребна вредност, туку само се злоупотребува за политички цели и поради тоа стојам на ставот дека тој не треба да биде дел од пописот“, рече Симовски.