Претседателот на Камерун освои седми мандат по ред
Претседателот на Камерун, Пол Бија, убедливо победи на изборите и освои седми мандат на чело на земјата, откако Уставниот совет, кој тој го именуваше, ги отфрли сите проговори на изборниот процес.
Најстариот претседател на една африканска држава, 85-годишниот Бија, освои 71 проценти од гласовите, а второпласираниот Морис Камто 14 отсто, јавува АП.
Аналитичарите предупредуваат дека на Камерун му се заканува хаос ако Бија, кој на истекот на неговиот седумгодишен мандат ќе има 92 години, не почне да ја подготвува земјата за живот без него.
Владата за денеска ги забрани сите собири на опозицијата.
Бија е на чело на Камерун од 1982 година.