Напад врз Амбасадата на Канада во Атина
“Многу рударски компании кои работат низ целиот свет се со седиште во Канада и три од нив беа вклучени во ископување злато во Халкидики. Канадските амбасади ширум светот често ги бранат канадски рударски компании до степен што ги уценуваат владите да прифатат ископувања, заканувајќи се со прекин на односите меѓу земјите”, стои во соопштението, во кое се најавува дека групата дополнително ќе објави и видео од нападот. Грчката полиција приведе едно лице под сомнеж дека учествувало во нападот, но тоа подоцна било ослободено.