Убиен влијателен авганистански полициски шеф во напад на Талибанците
Авганистански и меѓународни претставници велат дека е убиен моќен полициски шеф на јужната провинција Кандахар. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
Висок авганистански разузнавачки службеник за РСЕ изјави дека нападот се случил по средба меѓу висок претставник на САД и авганистански безбедносни службеници во канцеларијата на гувернерот во Кандахар.
Генералот Абдул Разик починал по рани добиени од огнено оружје во канцеларијата на гувернерот, рече претставникот.
Портпаролот на НАТО рече дека главниот американски командант во Авганистан, генерал Скот Милер, бил присутен на состанокот, но не бил повреден.
Двајца американски државјани биле повредени во пукањето, соопшти портпаролот не изнесувајќи дополнителни детали.