За Иран санкциите од страна на САД се „слепа одмазда“
Иранските власти соопштија дека последната рунда на санкции од страна на САД врз земјата се навреда за меѓународниот поредок кој произлегува од "слепа одмазда" против иранската нација. САД вчера воведоа санкции врз мрежа од околу 20 ирански корпорации и финансиски институции.
САД тврдат дека мрежата обезбедува финансиска поддршка за иранската паравоена единица, која според земјата, регрутира и обучува деца-војници за Иранскиот Исламски револуционерен корпус.
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми изјави дека недостигот од придржување кон меѓународните правни механизми на Вашингтон претставува закана не само за интересите на иранскиот народ, туку и за стабилноста и безбедноста во светот.