Помпео на разговори во Турција за исчезнувањето на новинарот Кашоги
Американскиот државен секретар Мајк Помпео одржа разговори со турските лидери во Анкара за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Помпео, кој денеска пристигна во Турција од Саудиска Арабија, отиде директно да разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Кашоги, кој ги критикуваше саудиските власти, не е виден откако влезе во саудискиот конзулат на 2 октомври.
Турските власти соопштија оти веруваат дека Кашоги бил убиен и дека неговото тело било отстрането од конзулатот, но Ердоган не ја посочи директно Саудиска Арабија како одговорна.
Помпео во Саудиска Арабија одржа средби со саудискиот крал Салман и принцот Мухамед, кој беше еден од главните цели на критиките на Кашоги.
Помпео рече дека во Ријад ја истакнал важноста саудиските власти да спроведат комплетна истрага за исчезнувањето и оти кралството се заложило дека ќе го стори тоа.