Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и Еуросупер БС-98“, од полноќ се зголемуваат за 1,00 односно 1,50 денари од литар, а „Еуродизел (Д-Е V)“ поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар „Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 74,50, „Еуросупер БС-98“ за 76,50, а „Еуродизел (Д-Е V)“ за 69,00 денари. За 2,5 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 58,00 ден/лит.
Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,659 денари и еден килограм ќе се продава за 38,409 денари.
Регулаторната комисија го образложува поскапувањето на горивата со зголемување на просечната цена на суровата нафта за 4,74 отсто во изминатите две недели.