Столтенберг - Вучиќ: ќе направиме се да го зачуваме мирот во регионот
Ќе сториме се што може за да го зачуваме мирот и безбедноста во регионот, изјавија денес српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во разговорот на посебниот настан „Лидерство за регионална безбедност“ во рамките Белградскиот безбедоносен форум.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е тешко да се направи разлика помеѓу мирот и војната и дека е неопходно да се биде подготвен за непредвиденто и непредвидливото и во однос на борбената готовност.
„Треба да го прифатиме фактот дека живееме во време на хакерски војни, хибридни војни“, рече Столтенберг, посочувајќи дека „она што треба да го направиме е да се подготвиме за непредвидливото и да бидеме подготвени за брза реакција.
Столтенберг изрази и загриженост во врска со враќањето на сцената на националистичката реторика во регионот: „не може Брисел да ги решава проблемите во регионот, но може да помогне. Со проблемите треба да се справат луѓето кои живеат тука и зтоа повикувам за мир и да не се вратаќаме на националистичката реторика“, рече Столтенберг.
Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Србија ќе стори сé за да ги избегне конфликтите и да го зачува мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е неопходно за економски напредок.
„Ние секогаш ќе ги подржуваме нашите соседи, со Македонија, ќе дадеме се од себе за да го продолжиме дијалогот со приштинските Албанци, да воспоставиме подобри односи со новите лидери во БиХ, мислам дека нема сомневање дека ќе мораме да имаме подобри односи и со Хрватска, онолку колку што Србија можеме да придонесе“, рече Вучиќ.
Столтенберг додаде дека е важно да се потсетиме дека регионот има помина долг пат од времињата на војни и страдањето во деведесеттите години од минатиот век.