Турција воведе исклучоци за трансакциите во турски лири
Забраната за трансакции во странски валути во Турција нема да се однесува на договори за извоз, за купопродажба на пазарот на капитал, како и за договори за вработување на странци, откако беше донесена одлука за исклучоци од правилото за забрана за финансиски трансакции во странска валута што турската Влада ја воведе минатиот месец.
Според правилото сите продажби на имот и исплати на кредити наемнини треба да се вршат исклучиво во турски лири. Отсега забраната исто така нема да важи за продажба на софтвери произведени во странство, за договори за изнајмување бродови и за спогодби кои ги склучуваат државните институции, а не се однесуваат на имоти или ангажирање на работници.
Мерката за забрана на трансакции во странски валути беше воведена со цел да се запре падот на турската лира, која од почетокот на годината загуби околу 30 проценти од својата вредност во однос на американскиот долар.