Претседателот на Интерпол поднесе оставка
Кинескиот претставник кој е на чело на Интерпол Менг Хонгвеј поднесе оставка на таа функција откако Кина соопшти дека тој бил под истрага, соопшти Интерпол. Менг е заменик на кинескиот министер за јавна безбедност. Неговата сопруга во петокот изјави дека не се слушнала со него откако кон крајот на септември тој отпатувал во Кина. Од тогаш не се знаело каде е и што се случило со него. Кинеските власти вчера соопштија дека Менг е под истрага на новата антикорупциска служба. За вршител на должноста претседател на Интерпол е наименуван Ким Јонг Јанг од Јужна Кореја.