Трамп ги оспори бројките за жртви во минатогодишниот ураган во Порторико
„Кога го напуштив островот, по бурата, беа од шест до 18 жртви. Потоа, по подолго време, почнаа да известуваат за многу големи цифри, како што е 3.000,“ напиша американскиот претседател на Твитер.
На твитот на Трамп остро реагираше градоначалничката на Сан Хуан, Кармен Хулин Криз, која повеќепати жестоко го критикуваше претседателот и неговата администрација поради одговорот на ураганот, кој ја опустоши американска територија.
Според истражувањето, кое го направи Универзитетот Џорџ Вашингтон, 2.975 смртни случаи на островот, во период од септември минатата година до февруари оваа година, директно или индиректно се поврзани со ураганот Марија.