Турската банка ја подигна каматната стапка на лирата
Турската лира почна да се опоравува набрзо после оваа објава на банката. Претходно во текот на денот, лирата падна за 3 отсто во однос на доларот. Централната банка во соопштението наведува дека локалното стопанство слабее, а инфлацијата расте. Зголемувањето на каматната стапка би можело и понатаму да го ограничи растот, но независните аналитичари сметаат дека тој потег е неопходен за да се скроти инфлацијата од околу 18 отсто и да се поддржи домашната валута.