Британија, САД, Франција и Канада со предупредување до Русија
„Имаме целосна доверба во проценката на Британија дека двајцата осомничени се офицери на руската воена разузнавачка служба, позната како ГРУ и дека оваа операција скоро сигурно била извршена со согласност на високото раководство,“ пишува во заедничкото соопштение.
Британија вчера ги именуваше двајцата осомничени агенти на ГРУ, за кои соопшти дека дошле во Британија две дена пред труењето на Сергеј и Јулија Скрипал. Во соопштението се вели и дека четирите држави ќе бидат посветени на тоа да ги попречат активностите на странските разузнавачки служби на нивна територија, ќе се борат против користењето на забранети оружја и ќе ги штитат своите граѓани од непријателски тајни служби.