Честитка од Трамп до Иванов за 8-ми Септември и за Договорот од Преспа
„Македонија има со што да се гордее оваа година. Историскиот Преспански договор го решава долгогодишното прашање за името со Грција и го отвора патот за членството на Македонија во НАТО и Европската унија. Договорот и членството во НАТО ќе ја зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особено во однос на претстојните дискусии за вашето членство во НАТО“, се вели во писмото.
„Му посакувам на македонскиот народ се најдобро на овој посебен ден“, додава Трамп во писмото до Иванов.