Столтенберг на средба со Иванов
По средбата на Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција, а генералниот секретар на НАТО покрај останатите активности ќе го посети и Стајковци каде во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден каде ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.