Лидерите на Северна и на Јужна Кореја се договорија да одржат трет самит
Јужнокорејските власти денеска соопштија дека состанокот ќе се одржи од 18 до 20 септември во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг.
Одлуката беше донесена претходниот ден за време на средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и делегација од Југот, на која наводно Ким ја потврдил својата посветеност на денуклеаризација на полуостровот.
Јужнокорејската делегација исто така наводно на Ким му доставила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп и прифатила повратно писмо од Ким до претседателот на САД.