Столтенберг: „ако го имплементирате договорот ќе станете членка на НАТО“
„На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка“, рече Столтенберг.
Тој истакна дека на самитот во јули сите членки на Алијансата се согласиле Македонија да стане членка и да почне преговори за пристапување.
„Ако го имплементирате договорот за името, ке станете земја-членка на НАТО. Се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе дојдам како земја-членка на Алијансата“, рече Столтенберг.