Могерини: Западен Балкан станува партнер на ЕУ во безбедноста
Могерини исто така рече дека заедно со НАТО се разгледува како да се продлабочи соработката за безбедносните прашања во регионот.
Австрија, која во моментов претседава со Советот на ЕУ, ги покани министрите за одбрана на земјите од Западен Балкан на 26 септември во Грац, за да разговараат за безбедносната ситуација во регионот, соопшти австрискиот министер за одбрана Марио Кунасек.
Според него, на вчерашната седница на европските министри за одбрана биле разгледани конкретни мерки за зајакнување на безбедноста во Западен Балкан.
Во Виена денеска и утре се одржува и неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој се поканети и првите дипломати на земјите кандидати - Македонија, Србија, Црна Гора, Турција и Албанија.