Владина седница - Зголемување на платите во образованието
За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари, соопшти владината прес-служба.
На 85-тата седница, е донесена и одлука за дополнителна субвенција од еден денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. Владата денеска го усвои концептот за Национална структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО.
На седницата се донесени и одлуки за стипендирање на 100 талентирани ученици и 80 талентирани ученици – спортисти, кои ќе добиваат стипендија во висина од 2. 970 денари. 100 учениците со посебни потреби и 50 ученици - деца без родители ќе добијат стипендија од 2.750 денар, а 400-тини ученици ќе добијат стипендија за социјална поддршка од 2.200 денари. Стипендии се предвидени и за учениците Роми.
На денешната седница се именувани и директори на инспекторати и дирекции.