Косовска опозиција поднесе барање за седница за границата
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти на Фејсбук објави дека го поднеле барањето за вонредна седница за да го изразат институционалниот став против повредата на територијата на Република Косово. Опозицијата очекува резолуцијата да се поддржи со над 80 гласа во 120-члениот Парламент.