Путин најави отстапки за контроверзната пензиска реформа
Владиниот предлог да подигнување на старосната граница за пензионирање за мажи и жени предизвика гнев низ Русија и ја поткопа популарноста на Путин, откако беше објавен во јуни.
Парламентот даде прелиминарна поддршка на планот да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 63 години за жените и на 65 години за мажите. Во моментов возраста за пензионирање е 55 години за жени и 60 години за мажи.
Сепак, Путин во телевизиско обраќање до нацијата рече дека наскоро старосната границата за пензионирање на жените ќе биде намалена на 60 години.