Јанева: Ќе го докажеме незаконското прислушување на 20 илјади граѓани
Таа истакна дека „Тврдина-Таргет“ е предмет за тоа дека службени лица од УБК ја уништиле опремата за да не може да се утврди дека на тие машини се прислушувало.
„Имаме физичко вештачење во кое се утврдува кој, како и на кој начин прислушувал. Имаме докази во предметот што се уште не е почнат пред судот, а би требало да почне и се надевам дека сите ќе бидеме присутни да утврдиме кој прислушувал“, рече Јанева.
Таа додаде дека СЈО има многу докази за тоа кој прислушувал и дека не може да го даде овој предмет на Основното јавно обвинителство.
„Имаме повеќе од 20 илјади луѓе кои незаконски се прислушувани и тоа ние ќе го докажеме на суд“, рече Јанева.