Симната статуа на Ердоган во германскиот град Висбаден
Организаторите на фестивалот, чија тема е „Лоши вести“ ја подигнаа 4-метарската статуа на Ердоган со една испружена рака, на столбот на централниот плоштад Висбаден на 27 август.
Властите соопштија дека оттогаш таа станала магнет за про и анти говори за Ердоган и оти предизвикува конфликт.
Статуата, која потсетува на онаа на Садам Хусеин која беше соборена во 2003 година од американските сили во Багдад, беше испишана со графити, вклучително и слоганот „Турски Хитлер“, а неколку стотици луѓе протестираа против него.
Полицијата соопшти дека веќе не може да ја гарантира безбедноста на луѓето, а пожарникарите искористија голем кран за да денеска да ја симнат статуата.