Извршена реконструкција на грчката Влада, Коѕијас останува во МНР
Како што јави дописничката на МИА од Атина, реконструираната грчка Влада, освен премиерот Алексис Ципрас, има 52 члена, 39 мажи и 13 жени, но и 13 нови имиња. Сепак, нема промени во главните министерства - за надворешни работи, за одбрана, за финансии, за труд и социјала, за туризам, транспорт и врски и за миграциска политика.
Во Министерството за надворешни работи останува Никос Коѕијас. Коалицискиот партнер во Владата и лидер на „Независни Грци“, Панос Каменос и понатаму останува министер за одбрана.