Царовска најави намалување на работниот стаж на рударите
„Навистина ни е драго што сме тука да ја споделам радоста заедно со рударите од овој крај за идните мерки за пензионирање во рударскиот сектор. Како што ветивме на самиот почеток на мандатот и пред мандатот донесовме закон со кој што бенефицираниот стаж ја добива својата улога за рударите. Со него е предвидено жените да може да се пензионираат со 35 години стаж, додека мажите со 40 години навршен работен стаж, рече Царовска од Македонска Каменица.
Рударите за една година работа добиваат бенифициран стаж од 18 месеци. Од Министерството велат дека ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.