Димитров во посета на Брисел
Димитров утре ќе има обраќање пред Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент, при што ќе информира за актуелните подготовки за одржување на референдумот, текот на имплементацијата на клучните реформи во земјата од страна на Владата и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија, со цел на краток рок да се отвори патот за почнување на пристапните преговори. Димитров ќе оствари и повеќе средби со пратеници на ЕП.