ЛДК: Тачи да престане да тргува со Косово
Хоти на својата страница на Фејсбук напиша дека косовскиот претседател нема уставен мандат да преговара за било каква корекција на границите, односно за размена на територии.
„Косово е едно и неделиво. Косовската територија не може да се изнесе на пазар. Претседателот Тачи треба да се запре. Претседателот Тачи нема уставен мандат за такви дејствија. Преговорите за територијата на Косово се противуставни и секој што влегува во такви игри ќе сноси уставни и политички последици“, вели Хоти.