Навални оди во затвор, оневозможени антивладините протести во Русија
Со казната затвор Навални и опозицијата нема да можат да ги одржат антивладините протести закажани за следниот месец против реформите на пензискиот систем, со кои се предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија.
Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, кој е најголем противник на Кремљ и на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, пред неколку дена беше приведен пред неговиот дом.