Заев го откажа учеството на неформалната средба во Драч
Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч поради лошите временски услови, соопшти владината прес-служба, додека српската премиерка Ана Брнабиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Дениз Звиздиќ, претходно најавија дека нема да присуствуваат на собирот.
И бугарскиот премиер Бојко Борисов претходно ја откажа посетата на Драч, поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а давесеттина се повредени.
На состанокот во Драч домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, а поканети се еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти.