Царовска: Постапено е според протоколите за девојчето од Домот „25 Мај“
Во врска со тоа дали станува збор за силување, рече оти како Министерство, ниту се надлежни, ниту потенцирале дали станува или не станува збор за силување. Taa побара од медиуми, за ваков тип прашања, да не се избрзува со дефинирање, затоа што "не секогаш работите се такви какви што изгледаат од првиот пат".
"Важно е да ги почитуваме зборовите што ги користи полицијата или јавното обвинителство, зашто станува збор за други полови дејствја, но откако ќе се утврди за што точно станува збор, јас најтранспарентно ќе ја користам реториката и зборовите што ги користат надлежните институции, додаде Царовска.
Во однос на тоа дали има пропуст кај воспитувачите, со оглед на тоа дека станува збор за настан што се случил околу 16 часот, рече дека е направен разговор со сите и МВР истражува исто така, затоа што, рече, „кога станува збор за одговорност, станува збор за одговорност од сите страни и сите вклучени во случајот“.