Вучиќ: Зошто ја менувавте границата во 2008?
"За Србите беше огромен ризикот и трошоците што се менуваа границите во 2008 година, што ја разурнувавте Србија во 1999 година, а за тоа ќе најдете оправдување во хуманитарна катастрофа, и во тоа што се менуваат границите повторно во 1991 година, 1992 година" изјави Вучиќ како одговор на прашања од новинарите во Алпбах, Австрија, каде што тој се состана со косовскиот премиер Хашим Тачи и учествуваше на Европскиот форум.
"Секои десет години, кога тоа вам ви одговара, може да се промени границата, но кога другиот на кого тоа се однесува, се обидува да стори без ваше знаење, тогаш коментирате дека ќе ја плати цената и дека ризикот е висок ", рече Вучиќ .
Тој праша: " Колкав е ризикој ако не дојде до договор", додавајќи дека, во суштина, замрзнат конфликт не постои, затоа што, "всушност само се чека за тоа кој кого ќе го погоди."
Српскиот претседател, исто така, рече дека "сака да верува оти Киф имал добра намера".
"Но, јас чекам одговор, зошто ја сменивте границите во 2008 година и зошто во рок од неколку дена го признавте независно Косово, спротивно на Резолуцијата 1244", рече Вучиќ