Дете почина на Инфективната клиника од ретка сепса
Доктор Милена Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, изјави дека станува збор за многу тешка и ретка клиничка слика на болест која е предизвикана од бактеријата Нисерија менингитидис и е со висока смртност и покрај преземање на сите тераписки мерки.
„Детето било доесено педијатриското одделение во Прилеп каде е почната иницијалната терапија и по консултација со инфектолог упатено е на нашата клиника. Веднаш е реализиран прием на интезивна нега на клиниката за инфективни болести, земени се потребни микробиолошки следувања и започнат беше интензивен третман, но болеста со ваков брз тек, на жалост предизвика она што никој не го посакува, а тоа е смртен исход во 18 часот и 15 минути“, вели Стевановиќ.
Според неа, болеста започнува нагло од полно здравје, а симптомите се често неспецифични посебно кај деца под 4 годишна возраст. Во наредните часови од почетокот на болеста таа прогресира до најтешка форма која завршува со смртен исход.