Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се откажува од парите за референдумската кампања
"ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили и средства, наогајќи потпора во народот, кој е столбот и вистинскиот извор на власт и легитимитет во оваа земја, пред се одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маалата, градовите, селата, ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинираме конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество на референдумот, истиот ќе биде соопштен на граѓаните", пишува Мицкоски на својот профил на фејсбук.