Зголемување на платите во здравството од 1.500 до 4.548 денари
Според симулациите на Министерството низ апсолутни бројки за покачувањето на бруто платите, докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести ќе добијат повисоки плати во просек за 4.548 денари, а докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники во просек за 3.756 денари.
Лекарите специјалисти во општите болници ќе земаат плата поголема за околу 4.060 денари, а покачувањето за средно-медицинскиот кадар во универзитетските клиники и општите болници ќе биде за околу 1.500 денари, соопшти Министерството за здравство.