Харадинај му наложувал на специјалниот обвинител како да води истрага
Во писмото кое го објавуваат медиумите се гледало дека на29 септември минатата година, Харадинај му наложувал на Бљакај истрагата да не трае подолго од 30 дена и потоа обвинителот да го извести премиерот за резултатот од истрагата и за неговите заклучоци.
Обвинителот на Специјалното обвинителство минатата недела, откако отпатува на специјализација во Вашингтон, со стипендија на Aмериканската амбасада, поднесе оставка од функцијата во Косово и објави дека бил под големи притисоци од политичките фактори во земјата, меѓу кои и од државниот обвинител Александар Љумези.