Продолжува судењето за насилствата во Собранието
Во случајот обвинети се 33 лица, од 31 за „тероризам“, додека две лица за помагање на делото. Предметот го води судијката за организиран криминал Добрила Кацарска, која закажа 37 термини за главната расправа.
Од обвинетите, 11 луѓе се во притвор, 13 се во куќен притвор, а за осум има мерки за претпазливост и гаранции.