Харадинај побара да се обележи границата со Србија
Косовскиот премиер на прес-конференција денеска рече дека веднаш по ратификацијата на договорот за демаркација со Црна Гора, пред шест месеци, побарал од Комисијата и нејзиниот претседател Шпејтим Булиќи да започне со работа на обележувањето на границата со Србија.
"Господинот Булиќи и другите колеги ги знаат мошне добро границите и верувам дека нема потешкотии за обележување на границата меѓу Косово и Србија (...) Нема спорна ситуација на границата меѓу двете држави, бидејќи таа граница веќе постои", рече Харадинај.