Ципрас: Денес започнува нова ера за Грција
„Но, и со смелост за одново раѓање на Грција, за татковина на еднаквост, демократија и општествена правда, бидејќи Итака е само почетокот“, рече Ципрас во неговото обраќање до Грците, велејќи дека со „битка и пожртвуваност го испишале крајот на меморандумите“, пренесува МИА.
Обраќање на Ципрас до јавноста беше полно со симболика, поврзувајќи ја актуелната ситуација во Грција и она што земјата го поминала во изминатите осум години на финансиската криза со патешествието на „Одисеја“ од Хомер за да стигне до неговата родна Итака.