Трамп: укинување на санкциите кон Русија за концесии околу Украина и Сирија
Американскиот претседател Донлад Трамп во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека не разгледува укинување на санкциите врз Русија, но оти би го сторил тоа ако Русија му даде нешто што тој го сака во Украина и Сирија. Трамп додава дека рускиот претседател Владимир Путин на побарал од него на нивниот самит во Хелсинки во минатиот месец укинување на американските санкции. Тој прецизира дека за време на средбата станало збор за анексијата на Крим, состојбата во источна Украина и за изградбата на гасоводот Северен тек 2 од Русија до Германија.