Болтон и Нетанјаху разговараа за Иран
Советникот на претседателот на САД за национална безбедност Џон Болтон разговарал во Ерусалим со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Иран, пренесоа израелските медиуми. Болтон е жесток критичар на нуклеарната спогодба на големите сили со Иран од која САД годинава се повлекоа. Болтон покрај Израел ќе ја посети Украина, а во Женева ќе се состане со рускиот колега Николај Патрушев.